Пад на нови случаи и починати од вирусот во Италија и Франција


Концерт на групата „Индокина“ во Париз без социјална дистанца како здравствен експеримент

Италија објави 83 смртни случаи поврзани со корона вирусот во саботата во споредба со 126 смртни случаи претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Дневниот биланс на нови инфекции се намали на 3.351 од 3.738, пренесува Ројтерс.

Италија регистрираше 126.002 смртни случаи поврзани со Ковид-19, што е втора најголема бројка во Европа по Велика Британија и седма во светот. Земјата досега има пријавено 4,213 милиони случаи.

Бројот на пациенти во болница со Ковид-19 – не вклучувајќи ги и оние на интензивна нега – изнесуваше 6.800 во саботата, помалку од 7.192 ден порано.

Франција објави дека бројот на луѓе во единиците за интензивна нега со Ковид-19 се намалил за 76 на 3.028 во саботата, додека вкупниот број на лица во болница со оваа болест паднал за 425 на 16.847.

И двата броја се во тренд на опаѓање во последните неколку недели.

Министерството за здравство, исто така, објави 68 нови смртни случаи од корона вирус во болници, со што вкупниот број достигна 82.946.

Илјадници луѓе, маскирани и тестирани на корона наполнија една сала во Париз за концерт во саботата, како дел од јавниот здравствен експеримент, за да ја подготват Франција да организира настани од големи размери.

Властите на јавната болница во Париз помогна да се организира настанот за да се утврди дали е безбедно да се дозволи 5.000 маскирани луѓе да танцуваат заедно на отворен партер во затворена концертна арена без социјално растојание. Присутните го гледаат концертот на една рок група бесплатно, но требаше да направат три тестови за вируси, два пред и еден по концертот.