Озогласен убиец избегал од затвор: Убил повеќе од 14 деца на кои им ја пиел крвта


Маж кој призна дека убил деца во Кенија, избегал од полициската ќелија во Најроби.

Мастен Вањала вчера требаше да се појави на суд поради обвинението за убиство на најмалку 14 момчиња, но полицијата за време на прозивката забележа дека тој повеќе не е во ќелијата, пишуваат медиумите.

Сите вработени во затворот, кои беа на должност за време на неговото бегство се уапсени.

Вањала беше приведен за време на полициската истрага за серијата убиства на деца што ја шокираа нацијата. Властите сега започнаа потрага по серискиот убиец кога го опишаа како исклучително опасен. Тој беше уапсен во јули и призна дека дрогирал и убивал момчиња и на некои од нив им ја пиел крвта.