„Оздравете со помош на интимност“: Совет од експерти го заобиколи светот


Експертот за вакцина против настинка и грип, д-р. Фил Сајзер дава совети на оние кои се справуваат со кашлица и течење на носот оваа зима. Докторот тврди дека интимните моменти кои ќе ги споделите со партнерот можат да придонесат за брзо заздравување и градење имунитет.

Една неодамнешна студија на STADA/Thornton & Ross открива дека 77 отсто од паровите избегнуваат интимни моменти кога едниот партнер е настинат, плашејќи се од ширење на бактерии.

Иако може да изгледа непријатно ако некој кашла или кива за време на сексот, истражувањата покажуваат дека сексот не само што привремено може да го отстрани затнатиот нос, туку може и да го зголеми производството на имуноглобулин А (IgA), кој го зајакнува имунолошкиот систем. Чудно е што некои луѓе всушност чувствуваат потреба за секс, а тоа им го кажува самиот организам кој знае што ќе им помогне.

Д-р Фил Сајзер, кој предавал на медицинско училиште во Англија, ја истакна важноста на поддршката на имунолошкиот систем преку здрави навики и вакцини.

„Ова е навремена студија во сезоната на респираторни инфекции, без разлика дали се предизвикани од грип, риновирус (исто така познат како вирус на настинка), коронавирус или некој од многуте други респираторни вируси. Пандемијата од Ковид-19 нè натера да размислуваме не само за нашата индивидуална подложност на инфекции и потенцијални болести, но и за влијанието на нашата сопствена заразност и пренос на други. Во борбата против овие вируси, можеме да му помогнеме на нашиот имунолошки систем преку здрава исхрана, вежбање во која било форма, вклучително и сексуален однос, па оздравете со помош на секс“, изјави доктор Фил за Mirror.