Овој домашен апарат е честа причина за пожари во домот
Машината за сушење е еден од оние апарати за домаќинство кои најчесто предизвикуваат пожари во домот. Неколку студии го покажуваат тоа.
Податоците од Комисијата за безбедност на потрошувачки производи на САД проценуваат дека повеќе од 15.000 пожари во САД се предизвикани од сушари секоја година, што резултира со околу 84 милиони долари материјална штета. Виновникот? Запаливи влакна кои постојано се акумулираат во филтерот.
Слична студија спроведе и здружението на потрошувачи Which, кое пред неколку години ги објави податоците дека 12.000 пожари во британските домаќинства во последните три години биле предизвикани од лошо инсталирани или лошо одржувани апарати за домаќинство.
Пожарникарите во Австралија, пак, издадоа предупредување за опасностите кои демнат поради неисчистена машина за сушење алишта и изјавија дека тоа е една од десетте најчести причини за пожари во домаќинствата.
Затоа, експертите силно препорачуваат чистење на филтрите, вентилаторите и другите места каде што се собираат влакненца, по секоја употреба на машината за сушење.
Тие исто така забележуваат дека отворот за сушење треба темелно да се чисти најмалку двапати годишно.