Оваа топка не е за забивање


Италијанската модна куќа Прада ги спои световите на спортот и високиот луксуз. Нивниот најнов производ е кошаркарска топка која, наместо да се користи за забивање, служи како декорација, а нејзината цена е 740 евра.

Оваа елегантна црна топка, украсена со препознатливото триаголно лого на Прада, доаѓа со специјално изработен ремен. Самата модна куќа ја опишува како колекционерски предмет, јасно ставајќи до знаење дека не припаѓа на кошаркарскиот терен, туку на полица.


Достапен е и накит
Прада лансираше и соодветна линија накит – обетки (430 евра), ѓердани (720 евра) и нараквици (950 евра) со минијатурни верзии на луксузната топка.

Колекцијата е достапна за купување на официјалната веб-страница на Прада.

Прада не е сама
Во светот на високата мода, ова не е прва ваква екскурзија. Во 2019 година, Шанел ја претстави својата верзија на луксузна кошаркарска топка со цена од околу 2.400 долари, додека Луј Витон, во соработка со НБА под креативно водство на Вирџил Абло, ја лансираше својата топка за 2.000 долари.

Секако, ова не е прв пат Пради да продава спортска опрема како декорација. Тие веќе понудија брендирани топки за одбојка, фудбал и тенис.