Оваа храна не се подгрева во микробранова печка! Создава опасни хемикалии
Микробрановата ни го олеснува животот кога станува збор за загревање на оброците, но има работи што никогаш не треба да се ставаат во неа.
Секоја храна што содржи производи од месо – можеби пица, некое пециво или сос од шпагети – не треба да се најдат во микробранова печка.
Сувомеснатите производи содржат хемикалии кои не треба да се загреваат во микробранова печка, бидејќи тогаш се формираат опасни соединенија, предупредува студијата објавена во „Весник за земјоделска и прехранбена хемија“.
Греењето кулен, колбас или шунка ќе придонесе за создавање на оксидиран холестерол и неговите нуспроизводи, кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.
Ако навистина сакате да загреете малку храна што ги содржи, направете го тоа во тенџере на шпорет или во обична печка.