Ова се намирници кои секојдневно ги консумираме, а содржат алкохол


Многумина ќе се изненадат кога ќе откријат која храна ја консумираме секој ден содржи алкохол. Една од тие намирници е безалкохолното пиво, а сето тоа се случува поради ферментацијата на етанолот.

Алкохолот е присутен во многу намирници и пијалоци кои се сметаат за безалкохолни, но бидејќи е во мали и незабележливи количини, не треба да се грижите како може да влијае на вашето тело и здравје.
Ферментацијата на етанол се користи и во производството на друга храна, а тука спаѓаат и печива направени со квасец. Понекогаш постои спонтана ферментација која содржи алкохол во својот процес.

Научниците од Универзитетот во Кајзерслаутерн истражувале која храна содржи „скриен“ алкохол. Тие сакаа да покажат колку луѓето се изложени на етанол во нивната секојдневна исхрана. Еве ги резултатите:

– бургер пецива – до 1,28 грама на 100 грама производ
– ‘ржан леб – до 0,18 грама на 100 грама производ
– банана (зрела) – до 0,2 грама на 100 грама
– круша (зрела) – до 0,04 грама на 100 грама
– јогурт од цреша – до 0,02 грама на 100 грама
– сок од јаболко – до 0,66 грама на литар
– сок од портокал – до 0,73 грама на литар
– сок од грозје – до 0,86 грама на литар

Бидејќи количината на алкохол во овие намирници е значително помала во споредба со алкохолните пијалоци, не е возможно да се опиете или да станете зависник од алкохол од нивното консумирање.