Ова се двојките за четвртфиналето на Лигата на шампионите


Четвртфиналето на Лигата на шампионите е комплетирано. Откако Арсенал, ПСЖ, Реал Мадрид и Спортинг го обезбедија своето место во осминафиналето во вторник, во среда ги дознавме сите клубови кои ќе се борат за место во полуфиналето. Барселона, Баерн, Ливерпул и Атлетико Мадрид се приклучија на списокот.

Двојки:

  • ПСЖ – Ливерпул
  • Реал Мадрид – Баерн
  • Барселона – Атлетико Мадрид
  • Арсенал – Спортинг

Значи, од едната страна на ждрепката во четвртфиналето, ПСЖ ќе игра против Ливерпул, а Реал Мадрид против Баерн, а победниците од секој натпревар ќе се сретнат во полуфиналето.

Од другата страна, ги имаме пресметките помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид и Арсенал и Спортинг.

Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 7 и 8 април, додека реваншите се закажани една недела подоцна.