Ова овошје во комбинација со лекови може да предизвика труење


Ако земате лекови за крвен притисок, антидепресиви, лекови за рак, лекови за срце или антибиотици, исфрлете го ова овошје од вашата исхрана.

Станува збор за грејпфрут кој содржи хемикалии фуранокумарин кои ги спречуваат ензимите да го разградат лекот во цревата, што може да го удвои или дури тројно дејството на лекот и на тој начин да му наштети на телото, објавија истражувачите од Универзитетот во Онтарио.

Последиците од пиењето на сокот или консумирањето грејпфрут во комбинација со овие лекови се внатрешно крварење, промени во срцевиот ритам, оштетување на бубрезите и ненадејна смрт.

Од повеќе од 85 лекови кои не е добро да се земаат во комбинација со грејпфрут, 43 од нив може да имаат фатални последици.

– Една таблета со чаша сок од грејпфрут може да биде еднаква на десет апчиња со чаша вода. Луѓето не веруваат во она што го слушаат, но така терапијата станува отров само поради сокот – изјавил водачот на студијата д-р Дејвид Бејли.

Тој и неговиот тим откриле дека севилските портокали и лимес имаат сличен ефект како грејпфрутот врз апсорпцијата на лекот, па затоа се препорачува да се избегнуваат доколку земате лекови.