Ова е виститинска „смрт“ за мравките, а малку кој знае: Баталете ги солта и сода бикарбоната


Како засекогаш да се ослободите од мувите, комарците и инсектите?

Ако и вие спаѓате во онаа група на луѓе кои се трудат секогаш да ги затвораат прозорците и вратите затоа што е доволна секунда за да долета некоја „досада“, тогаш треба да знаете како засекогаш да се ослободите од инсектите. Многу луѓе мислат дека општото чистење е вистинското решение, но мувите, комарците и мравките демнат од секој агол.

Мравките се дефинитивно најупорни, можат да се појават на необични места, а најлошото нешто што може да се случи е да ги најдете во голем број на некоја храна. Постојат различни алатки кои ќе ги отстранат, но доколку ги немате при рака, постои трик кој го открила Софи Хинчлајф, попозната како г-ѓа Хинч. Таа се здоби со голема популарност благодарение на советите за чистење и подобрување на домот што ги споделува на социјалните мрежи.

Таа истакна дека сè што е потребно за колонија на мравки е алатка која речиси секоја куќа ја има во кабинетот за бања. Станува збор за пудра во прав или попопуларно за талк. Тоа е алатка која се користи за отстранување на чешање и иритација кај децата. „Прашокот го става на местата каде што мравките влегуваат во станот“, истакна Хинчова и додаде дека со години е мирна бидејќи мравките не ја опседнуваат.

Голем број нејзини следбеници веќе го практикуваат овој трик, па во коментарите се согласија дека талкот е најдоброто решение. Според нив, најдобро е да го ставите на влезните врати и прозорските корнизи бидејќи тоа се најчестите места на кои се прикрадуваат во вашиот дом.