Ова е официјално најгрдата боја на светот: Толку е грда што луѓето престануваат да пушат


Најгрдата боја на светот е толку грда што ја користат за да ги направат цигарите непривлечни за луѓето!

Секоја година, Институтот Пантоне ја објавува најмодерната боја за следната сезона, но и официјално ја прогласија најгрдата боја на светот.Тоа е кафеаво-зелена нијанса која е означена како  448 C на листата на бои на Пантоне.

Оваа нијанса е толку грда што австралиската влада дојде до идеја да ја искористи за да ги одбие луѓето од цигари. Нивната идеја е кутиите за цигари да бидат токму во оваа боја, без никакво лого, како и да имаат здравствени предупредувања и графички предупредувања на нив. Во 2012 година, владата побара од истражувачката група „GfK Blumun“ да дизајнира пакет што ќе биде максимално одбивен, а по тримесечни истражувања, тие утврдија дека нијансата Пантоне 448 C е најмалку привлечна боја. 

Викторија Пар, која се занимава со истражување на пазарот, рече дека луѓето најчесто ја поврзуваат оваа боја со термините смрт, нечистотија, катран и дека не ги поврзува со ништо позитивно.