Откријте кои три состојки го прават подварокот повкусен: Речиси секоја домаќинка ги има дома


Не можеме да ја замислиме зимата без кисела зелка, а најпознати специјалитети од оваа храна се сарма и подварoк. Подварoк може да се направи како посно или мрсно јадење, а рецептите ги има многу и не се знае кој е подобар. Меѓутоа, за да направите совршено вкусен подварок, треба да знаете кои тајни состојки ги додаваат во ова јадење искусни домаќинки.

СЕНФ
Една кафена лажичка сенф може целосно да го промени вкусот на подварокот. Секогаш е подобро да додадете поквалитетен сенф, но не претерувајте, доволно е една кафена лажичка. Се разбира, сè добро измешајте и додадете го на почетокот на готвењето.

БЕЛО ВИНО
Пред да го ставите подваракот во рерна, истурете 50 мл бело вино, а можете да додадете и 100 мл бујон. Овие две состојки му даваат посебен вкус на јадењето, бидејќи киселата зелка убаво ги впива овие две состојки и тогаш јадењето има совршен вкус.

ТОЧЛЕНА ПИПЕРКА ИЛИ СВЕЖА ЛУТА ПИПЕРКА
Доколку сте љубители на позачинета храна, тогаш задолжително додајте мелена пиперка или половина ситно сечкана лута пиперка 5 минути пред крајот на варењето на подварокот.