Осудени затоа што исчистиле река: Бираат затвор место да платат казна


Доколку Прекршочниот апелациски суд не им ја укине пресудата во Пирот, Србија, според која се должни да платат по 20.000 динари (околу 10.000 денари) поради непријавување за чистење на реката во Ракита, двајца активисти на Иницијативата „Да ги одбраниме реките на Стара планина“ Ненсила Радојковиќ и Александар Јовановиќ Ќута бираат да одат во затвор место да ја платат казната.
На овој чекор се одлучиле, затоа што сакаат да привлечат поголемо внимание на „бесмисленоста на пресудата“.
Тие двајца се осудени да платат казна од 20.000 динари затоа што во полиција не пријавиле јавен собир во селото Ракита кога ја чистеле реката на која се гради мини-хидроцентрала и што преку Фејсбук повикале граѓаните да им се придружат.
Сепак, тие се желеа на пресудата, а ако жалбата не им се усвои, ќе изберат да одат во затвор.
„Единствено прашање е дали мора да го пријавиме и испраќањето во затвор, затоа што имаме намера да организираме испраќање во случај жалбата да нѝ биде одбиена“, вели Радојковиќ.
Признава дека ги повикале луѓето да дојдат да им помогнат да ја исчистат реката, и дека не знаеле оти треба да пријават во полиција.
Но, кога организирале акција за чистење на Топлодолска река и Тамштица, во текот на првомајските празници, ја прашале полицијата во Пирот дали треба да го пријават собирот, од каде добиле негативен одговор.