Островот во паника поради еден и единствен случај на коронавирус


Првиот случај по скоро една година!

Најголемите градови во Фиџи добија наредба да влезат во брза блокада, откако беше регистриран првиот локален случај на Kовид 19, по повеќе од една година.

Една жена (53) била тестирана и позитивна на коронавирус, и е првиот човек кој добил Ковид-19 на Фиџи од април минатата година. На сите граѓани на Фиџи им беше наредено да останат дома денес, а јавните собири се забранети и луѓето можат да излегуваат од своите домови само од медицински причини.

Островската држава регистрирала помалку од 100 случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, а двајца пациенти починале. „Со цел да спречиме понатамошно заразување и да ги следиме контактите на заразеното лице, прогласуваме заклучување во областите Нада и Лаутока, почнувајќи од 4 часот утрово“, објави државното Министерство за здравство. Фиџи има 900.000 жители. “Сите граѓани мора да останат дома. Јавни собири не се можни и нема да работи ниту еден сервис, освен здравствените услуги”, се додава во соопштението. МОНДО ве поканува да држите дистанца, да носите маска и да избегнувате собири. Усогласеноста со мерките и вакцинациите се единствениот начин да се спречи ширењето на епидемијата.