Основачите на „Бионтек“: Пандемијата ќе трае до средината на 2022 година
Пронаоѓачите на вакцината одобрена од Западот велат дека наглиот пораст на инфекции со Ковид-19 во земјите во развој, како Индија, заради релативната слаба достапност до вакцини, значи дека пандемијата ќе се шири до средината на 2022 година.
„Властите поради итноста на ситуацијата треба да разгледаат мерки како што се мешање и поддржување на вакцини од различни производители“, рекоа во вторникот основачите на „Бионтек“, пренесе Вол стрит журнал.
„Мора да обезбедиме високи стапки на вакцинација низ целиот свет, инаку никој нема да биде сигурен“, рече Угур Сахин, извршен директор на „Бионтек“ и додаде дека пандемијата ќе престане дури кога низ целиот свет ќе се постигне колективен имунитет.
Имунитет на стадо
„Кон средината на 2022 година дури и регионите до густина на население како Индија ќе достигнат висока стапка на вакцинираност и со тоа и имунитет на стадо. Во следните 12 месеци поради зголемениот производствен капацитет на моменталните играчи и стварање нови производствени подрачја ќе видиме како се поголем број земји во развој со низок доход постигнуваат колективен имунитет“, рече Сахин.
Сахин, кој ја основа компанијата заедно со сопругата Озлем Туречи, вели дека ја прошируваат соработката со повеќе од 30 компании за да произведат поголема количина вакцини за да се снабдат држави како Индија.