Ослободена студентката од Принстон, Елизабет Цуркова


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека студентката од Принстон, Елизабет Цуркова, која беше киднапирана во Ирак пред две години, е ослободена. Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека членовите на милитантната група Катаиб Хезболах штотуку ја ослободиле Цуркова и дека таа сега се наоѓа во американската амбасада во Ирак.

„Секогаш ќе се борам за правда и никогаш нема да се откажам“, рече Трамп, повикувајќи го Хамас веднаш да ги ослободи преостанатите заложници.

Цуркова е израелско-руска државјанка. Таа веројатно влегла во Ирак со својот руски пасош и патувала таму како дел од нејзините докторски студии на Принстон, објави Танјуг.

Таа претходно патувала во Ирак и други арапски земји во регионот, објави Times of Israel.