Оскаровката Ема Стоун ќе стане мајка
САД- Оскаровката Ема Стоун (32) и најплатената актерка во 2017 е спремна да стане мајка. Us Weekly објави дека актерката е бремена со нејзиното и првото дете на нејзиниот сопруг Дејв Мекари.
“Се чини дека е многу среќна и многу возбудена што ќе стана мајка.Изгледа одлично, изгледа здраво, блеска”, изјави близок пријател.
Стоун и Мекари првпат започнаа да се дружат во октомври 2017 година; тие се свршија во декември 2019 година. Извор потврди за Пипл во септември 2020 година дека двајцата тивко се венчале.
Стоун разговараше со Xенифер Лоренс за „Ел“ во август 2018 година за нејзината желба да има семејство во нејзините 30-ти. “Мислам дека беше добро време да се добие малку перспектива, бидејќи работите беа толку тешки , со многу ангажмани во изминатите неколку години. И искрено, толку многу од моите соништа се сега лични и помалку професионални”.
Таа додаде: “Мојата перспектива за децата се менуваше како што стареев. Како тинејџерка никогаш не сакав да се мажам ниту да имам деца. Ама како созревав, навистина сакав да се омажам, и навистина сакав да имам деца “. (Мери Клер)