Орки потопиле едрилица кај Мароко
Јато орки потопија едрилица во Гибралтарскиот Проток.
На 31 октомври едрилицата пловела западно од брегот на Мароко кога била нападната од јато китови-убијци.
Китовите постојано удирале во кормилото 45 минути и предизвикале оштетувања и истекување.
Екипажот се обидел да ја спаси едрилицата со помош на шлепер и мароканската морнарица, но премногу вода навлегла во нејзината внатрешност, поради што таа потонала. Екипажот навреме ја напуштил едрилицата, која завршила на морското дно во близина на пристаништето Тангер Мед.
Станува збор за едрилицата „Grazie Mamma“ која пловела под знамето на Полска. Станува збор за едрилица Jeanneau Sun Odyssey 449, која е долга нешто повеќе од 13 метри. Овие типови на едрилици често се мета на напади на орки. Нападите обично се случуваат за време на патувањето.
Научниците веруваат дека однесувањето на орките кон овие едрилици е всушност нивниот начин на игра, но биологот Алфредо Лопез Фернандез наведува дека постои можност едрилицата некогаш да повреди орка, поради што јатото сака да се одмазди.
Понекогаш овие напади поминуваат без последици, но има и случаи во кои се предизвикува сериозна штета. Едрилицата „Grazie Mamma“ не е првата која е потоната по напад на орка. Од друга страна, луѓето не се цел, ниту пак е евидентиран случај на човек да умре во напад на орка.