„Ориентална вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – гурманска гозба и стомачен танц за мерак

Магијата на Блискиот Исток оживеа во енергичен спој на музика, танц и вкусна кујна


Дотерани и весели гости синоќа уживаа во една необична ориентална вечер со пет ѕвездички во центарот на Скопје- Limak Skopje Luxury Hotel беше домаќин на една од највозбудливите тематски вечери која ја сочинуваат разновидни вкусови и мириси, поради влијанијата на различни народи и култури, на врвно избраното мени на кое  доминираа зачините и зачинските билки како магдонос, нане, куркума, ким и морско оревче.

Менито се состоеше од богата селекција на типични јадења од Јордан, Либан, Сирија, Саудиска Арабија и Турција и вклучуваше табуле, хумус, фалафел, фатуш, мансаф, баба гануш, маглобе, лахмаџун и многу други ориентални специјалитети.

Искусниот тим на готвачи на луксузниот хотел со неверојатен поглед на Скопје ноќе повторно го покажа своето мајсторство во подготовката на специјалитети од различни земји.

Ориенталната кујна не оди без ориентална музика – турските мелодии во изведба на Каан и неговиот бенд и изведбата на стомачен танц од страна на преубавата Елена како изненадување за гостите – го создадоа совршениот амбиент за откривање на егзотичните вкусови на блиско-источната кујна.

Гостите, како по традиција беа пречекувани и испраќани од хостеси облечени во ориентална носија, под будното око на Jелена Костадиновиќ, директор за продажба и маркетинг.

Од Limak Skopje Luxury Hotel најавуваат нови тематски вечери на врвно гастрономско и амбиетално уживање.  (Л.С.)