Оранго, остров на кој мажите не смеат да кажат `не`


На светот. за разлика од мноштвото патријахални култури, постојат и неколку матријархални, но на остовот Оранго, кој се наоѓа покрај африканскиот брег, во близина на Гвинеа Бисао женската надмоќ е апсолутна – особено кога се работи за избор на брачен партнер, пренесува АП.

Според обичаите на луѓето што живеат таму, жената бира маж, му подготвува посебно јадење од риба маринирана во палмино масло, по што какво и да е одбивање од негова страна би се окарактеризирало како „срамотење на фамилијата“.

Пред да почнат да живеат заедно, семејната куќа мора да им биде изградена од дрво и заѕидана со кал, но за среќа на мажите, на Оранго тоа е женска работа.

Според тоа што островјаните им го кажале на новинарите, мажите во последно време станале поодлучни, но таа промена довела до феномен за кој никој претходно не слушнал – развод.