Општина Кочани има аплицирано за мерката на Владата за ангажирање лица за превенција од пожари

– Ја поздравувам оваа пилот-мерка на централната власт и очекувам дека Владата ќе одобри ангажман на 23 лица за превенција од пожари на територијата на Општина Кочани со ридско-планинскиот регион – додава Крстевски, истакнувајќи ја реалната потреба од вработување нови 15 професионални пожарникари во Територијалната противпожарна единица – Кочани.
Денеска, пак, на прес конференција во Владата, портпаролката Марија митева и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, рекоа дека само општините Кочани и Струмица не аплицирале за новите вработувања на 400 луѓе, кои ќе се борат со пожарите, со куса обука и за плата од 24.000 денари, што поттикна прашања дали Струмица затоа што има градоначалник од опозициската СДСМ и Кочани како знак на револт за 62 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ не сакаат да имаат ништо со централната власт.
Дополнително, в.д. градоначалникот на Кочани, ја искористи можноста да потсети дека Општина Кочани веќе пет месеци чека Министерството за финансии да даде согласност за нови вработувања во новата детската градинка „Детелинки“, за коишто се планирани финансии во буџетот.
– Ја повикувам Владата час поскоро да ја реши неизвесноста на над 200 родители чии деца се на листата на чекање за згрижување во новата кочанска градинка – потсетува Крстевски.