Општина Битола ќе ја поддржи реконстуркцијата на планинарскиот дом „Копанки“


Општина Битола со пари од буџетот ќе  ја помогне реконструкцијата на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер. 

Според нив, тоа е место  „за чаенки на нашите сограѓани, но и атракција за гостите на Пелистер“.

„После повеќе состаноци со вљубениците во планината и планинарските спортови, првпат после 9 години, како претставници на локалната самоуправа се наоѓаме пред култниот планинарски дом „Копанки“ на Пелистер, со верба дека наскоро ќе се исполни долгогодишната желба на битолчани: „Копанки“ да биде место за чаенки на нашите сограѓани, но и атракција за гостите на Пелистер“, рече градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Инаку со уважувањето на жалбата на Здружението планинарски спортски клуб „Пелистер“ од страна на Вишиот управен суд, поништени се решенијата кои во изминатиот период беа донесени од Општина Битола и Министерството за транспорт и врски, со кои беше оневозможено обновувањето на планинарскиот дом „Копанки“.

„Копанкие  зиграден во далечната 1938 година, а местто со децении било спој на различни генерации, создавало спомени, а нудело и големи можности за развој на зимските спортови.

„Ова што денес го гледаме, до оваа фаза до која е донесен објектот, е одраз на силна љубов и ентузијазам, прво, на едно од најстарите планинарски друштва во Битола, а потоа и на голем број граѓани. Затоа, нашата работа е насочена токму кон слушање на барањата на граѓаните и поддршка во нивната реализација. Токму од таа причина, денес сме тука. Заедно да придонесеме за реализација на програмската заложба со која се обврзавме да создадеме услови за модерен и атрактивен локален туризам, а Битола со Пелистер, со своите културно историски знаменитости, но и со збогатување на понудата да прерасне во препознатлива точка на туристичката мапа во државата, на Балканот, во Европа, па и во светот“, изјави Коњановски.

Домот изгоре  во 2011 година и  оттогаш, просторот е расчистен од посветените планинари, некои градежни зафати се делумно направени, но домот не е изграден, ниту обновен досега. Во меѓувреме се водете и имотно-правен спор за сопственоста врз истиот.