Опасна конкуренција за Мис на светот: Запознајте ја претставничката на Чешка (фото)


Јустина Зедникова е годинешна претставничка на Чешка на изборот за Мис на светот за 2023 година.

Јустина е 20-годишна студентка на Економскиот факултет, а како што изјавила за тамошните медиуми, уште од мала сакала да ја претставува својата земја на избор за убавина.

На новинарско прашање дали е љубител на естетските корекции и филери, младата Чехинка кратко одговорила – „не“.

– Сè на мене е природно, не сум љубител на пластична хирургија, рече таа.

Што се однесува до приватниот живот, според чешките медиуми, Јустина веќе подолго време е во стабилна емотивна врска, а не е тајна дека е свршена со пејачот Шимон Опа.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by justý <3 (@justyna.zednikova)