Омикрон предизвика нови реакции од владите во светот
Откако е откриен во Јужна Африка, најновиот сој на корона вирусот – омикрон, со молскавична брзина се шири по светот, поради што земјите се затвораат за странци.
Како што беше објавено минатата недела, се стравува дека омикрон е позаразен од делта сојот кој го предивикз ачетвртиот бран на пандемијата. СЗО не ги потврди овие информации официјално.
Се појави и во Канада
Два случаи со омикрон се потврдени во отава, главниот град на Канада, соопшти синоќа владата на канадрската покраина Онтарио.
„Покраината Онтарио потврди два случи со омикрон сојот на Ковид-19 во Отава, а двата случаи се однесуваат на лица кои неодамна допатувале од Нигерија“, се наведува во соопштението.
Двајцата пациенти се во изолација, пренесе Си-би-ес.
Австралија во проблем – регистриран омикрон
Австралија ќе ја разгледа одлуката за повторно отворање на границите за квалификувани мигранти и студенти, планирано за 1 декември, зјави денеска премиерот Скот Морисон, откако земјата пријави први случаи со омикрон сојот на корона вирусот.
Две лица кои допатувале во Сиднеј од Јужна Африка биле позитивни на новооткриената варијанта, по што властите наложиле 14-дневен карантин за граѓаните кои се враќаат од девет африкански земји, пренесе Ројтерс.
Кина ги суспендира летовите на „Ер Франс“
Кинескиот воздухопловен регулатор соопшти дека од денеска ќе ги суспендира четирите лета на „Ер Франс3, на линија Париз – Ченџин, поради случаите на зараза со Ковид-19, пренесе Ројтерс. Управата за цивилно воздухопловство на Кина во соопштение наведе дека 11 патници на летото на „Ер Франс“, биле позитивни на вирусот по доаѓањето во земјата на 12 ноември.
Јапонија забрани влез за странци
Јапонија, каде сѐ уште нема регистрирано ниту еден случај со омикрон вирусот, донесе одлука да забрани влез за странци во земјата.