Оливија Њутн-Џон: Холивуд се сеќава на ѕвездата како „прекрасна сила на природата“


Австралија– Илјадници луѓе и оддадоа почит на починатата британско-австралиската актерка и пејачка и ѕвезда на култниот филм „Брилјантин“ Оливија Њутн-Џон на државниот споменик во нејзиниот роден град Мелбурн. 73-годишната поп-ѕвезда  почина во август на нејзиниот ранч во Калифорнија, САД по долга битка со ракот на дојката.

Нејзината ќерка Клои Латанзи изјави дека нејзиното срце е „скршено на два дела“.

„Стојам овде пред вас толку очајно сакајќи да се чувствувам силно и самоуверено и да зборувам елоквентно, но вистината е дека се чувствувам како мало девојче изгубено без нејзината мајка“, рече Клои додека ги бришеше солзите на богослужбата во Хамер Хол.

„Таа беше мојот безбеден простор, мојот водич, мојот најголем обожавател и земјата под моите нозе“.

Неутешниот сопруг, Џон Истерлинг, исто така беше емотивен додека зборуваше за неговата покојна сопруга.

„Секој од нас претходно имавме тешки моменти во нашиот живот како и секој и само зборуваме за тоа колку сме биле среќни што се најдовме“, рече тој.

„Секој ден со Оливија беше натприроден. Секој ден со Оливија беше малку магија“.

Пејачката Дени Миног изјави дека Њутн-Џон е причината поради која почнала да настапува и дека помислата за нејзината смрт сè уште тоне во себе.

Други познати личности и оддадоа почит на покојната ѕвезда во видео снимките пуштени на толпата на меморијалот, вклучувајќи ги Сер Елтон Џон, Мараја Кери и Пинк.

Сер Елтон ја опиша како „прекрасна сила на природата“, додека Доли Партон, која пееше со Њутн-Џон неколку пати, рече дека ја смета за пријателка, но и за колега изведувач.

„Оливија, да цитирам една твоја песна – искрено те сакам“, рече Партон.

Службата заврши со австралиската пејачка Делта Гурем која пееше мешавина од хитовите на Њутн-Џон.

Оливија беше голем секс симбол во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век. Ваквиот статус, но и слава ѝ ги донесе улогата во култниот мјузикл „Брилјантин“ во кој ја глумеше слатката Сенди Олсон, која станува злобна заводничка заради згодниот Дени Зука, кој го игра Џон Траволта.

Таа е позната и по својот хит „Физикал“ од 1981 година, кој три децении подоцна беше прогласен за најсекси песна на сите времиња од страна на магазинот „Билборд“, а е придружена со подеднакво секси спот.

Нејзината тешка болест првпат била дијагностицирана во 1992 година, а се вратила во 2013 и 2017 година.

„Болката понекогаш е неподнослива“, нагласи таа неколку пати. „Не знам уште колку време ми преостанува, но морам да уживам во животот. Ќе јадам бисквит ако ми се допаѓа. Ќе пијам шолја чај ако сакам или чаша вино затоа што уживањето во животот е дел од процесот на заздравување“, рече Њутн-Џон во септември во 2018 година.

Иако водеше тешка битка речиси 30 години, тоа не се гледаше на неа, беше насмеана во сите прилики, а часовите по танц на кои редовно одеше со својата ќерка ѝ помогнаа да остане во одлична форма.