OLED S95F: телевизорот што станува дел од ентериерот, а не само од дневната соба
Добриот дом не е само убав , тој раскажува приказна.Приказна за вкус, за мир, за детали што не викаат „луксуз“, туку го шепотат. И во тој шепот, понекогаш најгласниот акцент е телевизорот.
Новиот Samsung OLED S95F не е само централна точка на дневната соба, туку нејзина душа.
Со својот ултратенок дизајн и 83-инчен Glare Free екран, тој е создаден за модерните простори што живеат со светлината. Дури и кога сонцето директно паѓа врз екранот, рефлексиите исчезнуваат, оставајќи чиста, живописна слика што се впишува во ентериерот како дело на уметност.
Совршен баланс меѓу технологија и атмосфера
Сцената започнува со тивко неделно утро. На масата- кафе. На екранот – филм што изгледа подобро од кино. Благодарение на Vision AI технологијата, телевизорот ја анализира светлината во просторијата и автоматски ја прилагодува бојата, контрастот и осветлувањето.
Резултатот? Слика што секогаш изгледа природно, како да е создадена за просторот во кој живеете.
А кога попладнето ќе стане ден за забава, OLED HDR Pro и NQ4 AI Gen3 процесорот ја носат секоја сенка, секој кадар и секоја боја до совршенство. Тоа не е само гледање филм, тоа е чувствување на приказна.

Игри, музика, кино – еден екран, повеќе животи
Со едно притискање на копче, S95F се претвора во гејминг арена. Технологиите Motion Xcelerator, AMD FreeSync, NVIDIA G-Sync и 165Hz брзина создаваат искуство без застој, каде секое движење изгледа флуидно и реално. А кога се собираат пријателите, Dolby Atmos и Object Tracking Sound+ го претвораат звукот во тридимензионално доживување како да седите во први редови на концерт.

Паметен дом со стил
Во ерата на уредите што „мислат“, S95F SmartThings е центарот од кој сè се контролира.
Светлата, климата, звучниците, па дури и машината за перење – сите ваши уреди можат да бидат поврзани преку телевизорот. Со Dual Screen функцијата, можете истовремено да гледате серија и да го следите рецептот за вечерата, без да го изгубите фокусот ниту на едното, ниту на другото.

Сигурност што се чувствува како мир
Во позадина, Samsung Knox Security стои како невидлив чувар – заштитува лозинки, IoT уреди и лични податоци со истата прецизност со која Vision AI ја заштитува сликата од сјај.
И со 7 години OS надградби, овој телевизор старее со стил – но не и во перформансите.
Совет од уредниците на стилот
Поставете го на тенок метален постамент или монтирајте го на минималистички ѕид во неутрални тонови. Оставете го просторот околу него да „дише“. Тој не бара внимание го заслужува. Со својата ненаметлива елеганција, станува фокусна точка што ја обединува просторијата, не ја прекинува.

Искуство што трае подолго од гаранцијата
Со 2 години редовна + 3 години дополнителна гаранција, Samsung не ви продава само производ, туку доверба што се мери во години.
А вие добивате нешто повеќе од телевизор добивате сцена за вашето секојдневие.
Понуда која не смеете да ја пропуштите
Dual Screen промоцијата трае од 13 октомври 2025 до 9 ноември 2025 година.
Купувачите кои ќе купат 65-инчен Neo QLED, OLED, The Frame или The Frame Pro телевизор ќе добијат на подарок 24-инчен Full HD Smart TV, додека со купување на 75-инчен или поголем модел следува подарок 27-инчен Full HD Smart TV.
Во Македонија, Neo QLED моделите вклучени во промоцијата започнуваат од QN70F. Дополнително, во понудата се вклучени и 98-инчните модели (Q80C, DU9072 и QN90D), како и Micro RGB 115-инчниот и Neo QLED 115-инчниот модел, кои доаѓаат со подарок 27-инчен Full HD Smart TV.
Искористете ја шансата да го унапредите вашиот животен стил со врвна технологија и непобедлива практичност. Без разлика дали сте спортски ентузијаст, зафатен родител или студент, оваа промоција гарантира дека нема да пропуштите ниту еден момент од забавата што ви значи.
За повеќе информации за Dual Screen промоцијата, посетете го линкот.
Samsung OLED S95F – Vision AI Smart TV
За оние што не гледаат телевизија, туку гледаат на животот со стил.
(Комерцијален текст)