Октоберфест, годинава, може да се пресели во Дубаи


 

Во тек се планови годинешниот германски фестивал на пивото Октоберфест да се одржи во близина на марината Дубаи, потврди член на организацискиот тим Чарлс Блуме за германски Шпигел. Надлежните во Обединетите Арапски Емирати наводно веќе дале ветување.

Алкохол би можел да се служи на ова подрачје, како што тое е веќе случај во хотелите. Но, оние кои конзумираат алкохол до хотелот ќе мора да се провозат со автобус, за да не одат пијани низ градот. Блуме вели дека се работи за почитување на двете култури.

Засега не открива декатали затоа ѓто потвпишал договор за доверливост.

Магазинот Билт порано извести дека Дубаи Октоберфест би требало да почне на 7 октомври во 32 шатори. Трошокот се проценува на околу 50 милиони евра.

Во Дубаи би тренбало да бидат поставени реплики на Баварија и Куќата на славните. Бројни германски пиварници најавија дека ќе учествуваат во настанот, а многу ѕвезди ќе бидат присутни. Некои од нив се Арнол Шварценегер, Памела Андерсон и Лотар Матаус. Ике Хуфтголд ќе биде задолжен за музиката.

Минхенскиот Октоберфест е откажан поради пандемијата од корона вирус и рестриктивните мерки во Германија.