Околу 700 луѓе останаа заробени, прекинати сите врски – циклон во Австралија


Околу 700 луѓе останаа блокирани на северот на Австралија по минувањето на тропскиот циклон кој ги прекина врските со остатокот од земјата.

Малата заедница Борулула на северната територија беше погодена од циклон од трета категорија во вчера попладне.

Циклонот Меган донесе обилни врнежи и ветер кој достигна 200 километри на час, соопштија метеоролозите.

Австралиската армија се обиде да ги евакуира жителите, но поради временските услови воените авиони не можеа да слетаат во загрозената област.

Официјални лица изјавија дека е планирана нова спасувачка операција за денеска.

Циклонот Меган ослабе во северна Австралија, но обилните дождови продолжуваат.