Огромен крузер исфрла отпадна вода и фекалии директно во океанот- сѐ било легално (ВИДЕО)

Големите крузери станаа вообичаена глетка на океаните и морињата ширум светот во последните децении, но она што доаѓа со нив е далеку од гламурот и луксузот каков што обично се смета за овие патувања.
Имено, на социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како изгледа кога џиновски крузер исфрла илјадници литри отпадни води и фекалии директно во океанот.
Според извештаите за животната средина, брдовите за крстарење годишно испуштаат милијарди литри отпадна вода во морето, вклучувајќи човечки отпад и токсични хемикалии. За жал, ситуацијата да биде поразителна, тоа е сосема легално.
Во многу области, кога бродот за крстарење е на повеќе од пет километри од брегот, дозволено е испуштање на отпадни води. И покрај тоа, влијанието врз животната средина е огромно и многумина со право се прашуваат – Зошто е тоа сè уште дозволено?