Ограда во Неапол на Браево писмо го опишува погледот за слепите луѓе


Интернетот е преполн со фасцинантни и убави работи, а фотографија од оградата во замок во Италија донесува таква убава приказна.

Имено, на врвот на ридот над Неапол стои замокот Свети Елмо, кој е популарна туристичка дестинација. Стотици луѓе дневно одат до врвот на замокот за да уживаат во погледот, но има уште една атракција изложена таму.

Парче нерѓосувачки челик долг 92 метри е прикачено на оградата на замокот и има поетски опис на глетката на Браево писмо.

Единствената ограда беше инсталирана од уметникот Паоло Пуду во 2015 година насловена како „Следи ја формата“, а како постојана опрема во замокот е од 2017 година, се вели во текстот на Ozy.com. Со оваа инсталација, уметникот ја освои главната награда на петтото издание на натпреварот „Работа за замокот“.

Посетителите се охрабруваат да ја почувствуваат инсталацијата на која ги движат своите раце по шината, а оние што можат да го читаат Браевото писмо можат да ја „следат формата“ на оградата за да ги прочитаат стиховите од „Земјата и човекот“ („La terra e l’uomo“) на италијанскиот автор Џузепе де Лоренцо.

Натписот е врежан и на италијански и на англиски јазик и од туристите се бара да го замислат прекрасниот поглед пред нив. Погледот е кон Тиренското Море и италијанската планина Везув.