Официјално отворена конференцијата за клима КOП28 во Дубаи

Конференцијата на ОН за климата КOП28 беше официјално отворена денеска во Дубаи.
Прогласувајќи го овогодинешниот форум за отворен, неговиот претседавач Султан ал-Џабер ги повика земјите да најдат заедничка основа за политиката за да ги постигнат глобалните климатски цели.
Претседавачот на минатогодишното издание на конференцијата, египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри, ги покани присутните на отворањето да одржат момент на молчење за „сите цивили убиени во тековниот конфликт во Газа, како и за двајца ветерани дипломати на конференциите кои неодамна починаа.
Претставници на речиси 200 земји се собраа во Дубаи за да разговараат за клучните теми поврзани со климата две недели под претседателство на Обединетите Арапски Емирати.
🇦🇪 COP28, the biggest climate gathering of the year, is HERE.
🌍 During COP28, the world is set to unite, act together and deliver actionable solutions to the climate crisis.#COP28 #ClimateAction #UniteActDeliver https://t.co/SpgjvoCcJP
— COP28 UAE (@COP28_UAE) November 30, 2023