Одложен Светскиот економски форум поради Омикрон
Форумот се одложува за почетокот на летото поради ограничувањата при патувањата и големата заразност на новата варијанта
Светскиот економски форум во Давос, кој требаше да се одржи во јануари, се поместува за почетокот на летото, поради загрижувачката нова Омикрон варијанта на корона вирусот, како што објави денеска Скај њуз.
Според соопштението, и покрај строгите здравствени протоколи што ќе важат на конференцијата, заразноста на Омикрон и неговото влијание врз патувањето го направија одложувањето неопходно.
Светскиот економски форум вели дека во сегашниот контекст на пандемијата, исклучително е тешко да се одржи глобална конференција лично.