Од висока до кежуал мода: Која е стилистката на Кејт Мидлтон?
Англија- Во скапа или во гардероба на попуст, војвотката од Кембриџ воодушевува со стајлингот. Позната е по едноставната, префинета елеганција и речиси не прави стилски гафови во протоколот за облекување. И кога на црвениот килим избира тоалета која чини над илјада фунти, секогаш има повод или причина, како последниот златен фустан на Џени Пекам, за светската премиера на новиот Бонд филм во Лондон, во чест на нејзината свекрва, принцезата Дајана која избра слична тоалета за премиерите на филмовите за тајниот агент 007.

На дневните настани кои се дел од нејзините протоколарни обврски, е посмирена, иако знае да изненади со смелите бои.

На последното јавно појавување, на Лондонскиот универзитетски колеџ, Кејт избра секојдневен, но елегантен миди фустан кој претходно го носела, Зара фустан од 16 фунти, кој првично изнесувал 89,99 фунти пред да биде намален.

За обиколка на зоолошката градина Меги Кампус на Универзитетот Олстер со нејзиниот сопруг Вилијам, избра многу лежерен костум со впечатлива виолетова боја, боја на сезоната, потпишан од омилената дизајнерка на Кејт, Емилија Викстед.
Кој ја облекува кејт Мидлтон?
Тоа е Вирџинија Чедвик-Хејли (36) поранешен моден уредник во британски „Вог“. Тие се и пријателки и заедно студирале на универзитетот „Св. Ендрјус“ на истите студии по историја на уметност. Чедвик била и гостинка на свадбата на Кејт со принцот Вилијам во 2011 година.

Џини е исто така, претставничка на британската аристократија, ќерка на лордот СДтратхалмонд. Исто како и Кејт е мајка на две деца од по 2 години.
По 12 години како моден уредник во „Вог“ се откажа од кариерата заради семејството.