Од понеделник во јавниот превоз во Словенија само вакцинирани и прележани
Негативен тест на корона вирус во Словенија без карантин од понеделник ќе важи покусо отколку сега, потврдено е со новиот протокол со кој владата реагира на брзото ширење на омикрон варијантата.
Валидноста на негативниот ПЦР тест за влез во Словенија се намалува на 48 часа од земањето на брисот, а брзиот антигенски тест 24 часа од земањето на брисот, додека се менуваат и другите услови, јавува државната телевизија.
Исто така, со новите мерки кои стапуваат на сила во понеделник се менуваат условите за користење јавен транспорт, па него ќе смеат да го користат само оние кои се вакцинирани, прележани или имаат негативен ПЦР тест, а покрај тоа мора да носат и заштитна маска.
Во возовите и во автобусите се ограничува бројот на батници на местата за седење, и потребна е дистанца меѓу оние кои стојат, а за контрола на протоклот задолжени се организаторите на превозот.
Во Словенија во последните 24 часа според се уште неофизицијалните податоци потврдени се 4.468 нови зарази, речиси 3.000 повеќе од минатата недела, а епидемиолозите стравуваат дека со ширењето на омикрон сојот кој сега е доминантен бројот на зарази на врвот од новиот бран може да се искачи и до 10.000 и повеќе.