Од Никол Кидман до Леди Гага: Гала вечер на Филмскиот музеј во Лос Анџелес

САД– Не беа Оскари, ама беше гламурозно како оскаровската ноќ. Лејди Гага беше кралица на црвениот килим на гала вечерта на Филмскиот музеј на Академијата , и имаше голема конкуренција. Ѕвездите ја третираа вечерта како можност да изгледаат најгламурозно, но малкумина можат да доловат драматичната елеганција што Гага ја постигна во нејзината елегантна црна тоалета со бебешко плава наметка .
Едноставноста на фустанот на Гага беше совршен амбиент за нејзиниот драматичен накит кој вклучуваше и обетки од „Шопард“ со дијаманти од 26,82 карати, поставени во бело злато 18к. На раката носеше прстен од со 1,32-каратни дијаманти поставени во бело злато од 18k.

Ко-претседавачи на гала вечерта беа Ава ДуВернеј, Рајан Марфи и Џејсон Блум, и ги почести Софија Лорен и режисерот Хаиле Герима. Настанот ги почести и Том Хенкс, Анет Бенинг и Боб Игер за нивните напори за собирање средства во име на музејот,кој по многу одлагања ќе биде отворен за јавноста на 30 септември. Новиот комплекс од 300.000 квадратни метри го дизајнираше славниот архитект Ренцо Пијано.

„Треба да славиме се што овој град му го донесе на светот. Крајниот резултат ги надминува нашите соништа за десет пати “, рече Хенкс кога излезе на сцената. „Така ми изгледа оваа зграда, најголемиот светски магичен фенер што ќе не пренесе во друг свет“.

„Мислев дека ќе биде одлично за нашата индустрија, но и за нашата заедница“, рече Игер, во претходно снимено видео за настанот. „Она што најмногу ме возбудува да го видам е премиера на филм – се надевам дека премиерата на филмот на Дизни – во овој голем театар Дејвид Гефен“.

Покрај Гага, на списокот на гости се најдоа Бред Пит, Регина Кинг, Кристен Стјуарт, Никол Кидман, Шер, Квин Латифа, Анџела Басет, Кејт Хадсон, Спајк Ли, Пети Џенкинс, Тифани Хадиш. (Ел)