Од Кејт Бланшет до Кејт Мидлтон: Рециклираната мода е хит

Аутфитите на славните дами, кои не се плашат да го повторат изгледот што веќе го носеле во други пригоди


„Да се ​​повторува е шик!“, напиша Елизабет Стјуарт, стилистка на холивудската актерка Кејт Бланшет во 2020 година, кога актерката повтори неколку нејзини гламурозни изданија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Потоа носеше фустан од Естебан Кортазар, а потоа фустан на Александар Меквин кој го трансформираше во топ облечен со црни елегантни панталони.

На БАФТА наградите оваа година, кодексот на облекување изгледаше како рециклирање на облеката: Кејт Бланшет го повтори црниот фустан на Maison Margiela, кој претходно го носеше на црвениот тепих на Оскарите во 2015 година. Направи минимални промени – во новото издание носеше бисерен ѓердан во неколку низи од Луј Витон, додека пред осум години избра тиркизно парче од Tiffany & Co., а рамената на фустанот во новото издание беа „засилени“.

А покрај Кејт, големо внимание привлече и Кејт Мидлтон со рециклиран фустан – во лелеава бела креација на луксузната куќа Александар Меквин, во која беше видена во 2019 година, ги засени холивудските ѕвезди на престижната манифестација на доделувањето на наградите БАФТА. Идната кралица е добро позната по модното рециклирање, па безброј пати ги повторувала своите комбинации, од ден до вечер, со кои повторно и повторно ги израдува своите фанови.

Принц Вилијам и Кејт Мидлтон на „БАФТА“ 2023- од 2010 принцот е претседател на БАФТА

Одговорниот пристап кон облекувањето и модното рециклирање е позитивен тренд во последните години меѓу познатите ѕвезди – Кејт Бланшет, Кејт Винслет, Џејн Фонда се само некои од познатите дами кои лесно го повторуваат својот изглед и го побиваат старото правило дека „не смеат се појавуваат во ист изглед двапати“.

Кејт Мидлтон на „БАФТА“ во 2019

“Не сакам да го ставам своето тело во нови гламурозни фустани кои ќе ги носам еднаш и никогаш повеќе. Тоа е губење пари, како и времето и страста што луѓето ги вложуваат во тој процес… Веќе одлучив дека ќе ги повторам моите комбинации“, изјави Кејт Винслет која на премиерата на филмот „Аватар“ носеше фустан стар седум години.

 

Кејт Винслет во 2015 и во 2022
Џејн Фонда во 2020 и во 2014