Од химната до парите, се се менува по смртта на кралицата


Англија– Од ново лице на банкнотите и поштенските марки до текстот на националната химна, Британија ќе претрпи одредени промени по смртта на кралицата Елизабета Втора. и стапувањето на тронот на нејзиниот син Чарлс Трети.

Зборовите на британската национална химна, која потекнува од 18 век, ќе се сменат од „Боже чувај ја кралицата“ во „Боже чувај го кралот“.

Според веб-страницата на кралското семејство, химната била напишана во екот на патриотскиот занес по победата на принцот Чарлс Едвард Стјуарт над војската на кралот Џорџ Втори во септември 1745 година во Шкотска.

„Боже чувај го кралот“ била патриотска песна за првпат јавно изведена во Лондон во 1745 година, а станала позната како Национална химна на почетокот на деветнаесеттиот век.

Вообичаено се пее само првата строфа која сега ќе гласи: „Боже чувај го нашиот милостив крал! Да живее нашиот благороден крал! Боже чувај го кралот! Дарувај го со победа, среќа и слава, долго нека владее над нас, Боже чувај го кралот!“.

На новите монети и банкноти ќе биде ликот на кралот. Старите монети и банкноти ќе останат во оптек додека со време не бидат заменети.

Кога монархијата била обновена во 1660 година по десетгодишната република на Оливер Кромвел, станало вообичаено монархот да го врти лицето во спротивна насока од неговиот претходник.

Кралицата Елизабета гледала десно, па Чарлс Трети ќе гледа лево. За време на долгото владеење на Елизабета, на монетите се користени пет нејзини различни портрети.

Ќе се менуваат и поштенските марки, така што на нив ќе биде прикажан портретот на новиот крал.

Промени ќе претрпи и кралската „шифра“, монограмот што го користи монархот и кој моментално се состои од печат на кој пишува „EIIR“ под круната на Свети Едвард.

Овој монограм може да се најде низ Британија и се појавува на сè, од црвени поштенски сандачиња до полициски униформи. Според традицијата, со новиот крал се менуваат и монограмот и кралскиот грб.

Сепак, монограмите ќе се појавуваат само на новите поштенски сандачиња, така што тие на кралицата ќе останат илјадници ширум земјата, исто како што останаа многу од претходните монарси кои беа поставени пред нејзиното крунисување.

Ќе се сменат и титулите. Угледни пратеници ќе станат членови на Советот на кралот наместо на Советот на кралицата, а титулите што користат „на кралицата“ ќе се променат во „на кралот“.