Од хеликоптер забележана нова пукнатина од 500 метри – наредена евакуација


 

Пареа и лава почнаа да вријат од исландскиот вулкан што проработе минатиот месец, поради што стотина планинари мораше да бидат евакуирани.

Новата пукнатина, која е забележана од хеликоптер за набљудување и од која исто така излегува лава долга е 500 метри и се наоѓа на 1 км од местото каде се случи ерупцијата во долината Гелдинг, јави АП.

Исландското министерство за вонредни состојби нареди итна евакуација на подрачјето, но нагласи дека не постои опасност по животите на луѓето затоа што се наоѓа далеку од популарните патеки за планинарење.

Исландската метеоролошка служба соопшти дека вулканската активност не би требало да ги оштети патиштата околу аеродромот во градот Кефлавик.

Вулканот долго беше во состојба на мирување, а се активира на 20 март, на што му претходеа неколку десетици илјади земјотреси и ова е прва ерупција во таа област по 800 години.

Вулканот се наоѓа близу главниот град на Исланд, Рејкјавик, на околу 32 километри, а поради ерупцијата тука дојдоа околу 30.000 туристи иако цел свет, па и Исланд се бори со пандемијата од Ковид-19, пренесува АП.