Од детска претстава до показни вежби – во паркот во Скопје се славеше Денот на независноста

Единиците на МВР и на Армијата се претставија пред граѓаните, демонстрирајќи ја нивната подготвеност да ја чуваат стабилноста и безбедноста на земјата


Фото: Б. Грданоски
 

Во организација на Владата денеска на неколку локации се чествува големиот државен празник 8 Септември – Ден на независноста, под слоганот „Обединети во слободата“.

 
Фото: Б. Грданоски

Во рамки на „Отворениот ден“ на Школка во Градскиот парк во Скопје со богата програма денеска граѓаните чествуваа големиот државен празник. На настанот присуствуваа министрите за одбрана и внатрешни работи Славјанка Петровска и Оливер Спасовски кои заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Васко Ѓурчиновски ги посетија припадниците на Армијата и Министерството за внатрешни работи. На настанот беше присутен вицепремиерот Фатмир Битиќи кој имаше можност да ја проследи богатата програма.
 
Фото: Б. Грданоски
За најмладите „Театарот за деца и младинци“ ја изведе претставата „Лакомата меца“, а од страна на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи се изведуваа тактичко показни вежби.
 
Фото: Б. Грданоски

Во пријатна музика и празнично расположение на Градскиот парк, единиците на Министерството за внатрешни работи и на Армијата се претставија пред граѓаните, демонстрирајќи ја нивната подготвеност во секое време да ја чуваат стабилноста и безбедноста на нашата земја.
 
Фото: Б. Грданоски

Се демонстрираа вежбовни активности-презентација на опремата и возилата и сите имаа можност за одблиску запознавање со единиците на МВР и на Армијата.
Фото: Б. Грданоски

Пред граѓаните единиците за специјални операции – Волци ги презентираа своите борбени вештини. Изложени се и борбените и специјални возила на Армијата, личното вооружување со кое располага Армијата, специјална воено полициска опрема, нуркачка опрема како и алпинистичка опрема.
Фото: Б. Грданоски

Граѓаните, особено најмладите, имаа можност да се дружат и со припадниците на полициските служби, Одделот за специјални полициски операции, и се запознаа со нивните задачи, униформи, опрема.
Фото: Б. Грданоски
Нашиот фоторепортер Борис Грданоски фати дел од празничната атмосфера во Градски парк по повод Денот на независноста. 
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски