Од 17 до 20 јуни Фестивал на француски филм „Корзика во фокус“
Од 17 до 20 јуни ќе се одржи Фестивал на француски филм „Корзика во фокус“ кој ќе понуди четири значајни филмски остварувања, но и единствена можност за средба со режисерите и актерите. Свеленот отворање на фестивалот ќе се одржи в среда, на 17 јуни 2026 година, во 19:00, во киното Синеплекс, соопштија од Францускиот институт во Скопје.
И ова издание, кое ќе трае од 17 до 20 јуни, е посветено на современата француска филмска кинематографија, која се одликува со креативност, автентичност и динамика и е една од најинтересните гласови на европската кинематографија. Ова издание, кое повторно се организира по пауза од девет години, ќе понуди четири значајни филмски остварувања, но и единствена можност за средба со режисерите и актерите. Гости на фестивалот се режисерите Жилиен Колона, Тјери де Перети и Фредерик Фаручи, како и актерите Алекси Мананти и Андреа Коси. Тие ќе се сретнат со македонската публика по проекциите, а нивното присуство ќе придонесе фестивалот да биде не само филмски настан, туку и простор за размена и дијалог.
Покрај проекциите, во рамките на фестивалот се предвидуваат и професионални средби на француските синеасти со домашните филмски професионалци и со студентите од Факултетот за драмски уметности.
Ова издание се одржува во особено значаен контекст за француско-македонската културна соработка.
Имено, потишувањето на Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и Амбасадата на Франција, на 12 јуни, во Францускиот институт во Скопје, отвора нови перспективи за соработка во аудиовизуелниот сектор, филмот, културните и креативните индустрии, професионалната обука, уметничката мобилност и размена, се вели во соопштението до медиумите.
Ова е филмската програмата:
Среда, 17 јуни · 19:00 · Синеплекс
Свечено отворање со филмот „Кралство“ (Le Royaume) на Жилиен Колонаи разговор со режисерот
Четврток, 18 јуни · 19:00 · Синеплекс
„Фотографка“ (À son image) на Тјери де Перети и разговор со режисерот
Петок, 19 јуни · 19:00 · Синеплекс
„Мохиканец“ (Le Mohican) на Фредерик Фаручи, со Алекси Мананти во главната улога и следи разговор со режисерот и актерот
Сабота, 20 јуни · 20:30 · Кинотека
Проекција на отворено на филмот „Грабнување“ (Le Ravissement) на Ирис Калтенбек.