Објавена снимката од Кети Пери во вселенската капсула, пејачката стана цел на потсмев


Американската музичка ѕвезда Кети Пери полета во вселената, а сега е објавена првата снимка од вселенската капсула. Набрзо се најде на мета на бројни критики и потсмев бидејќи помина кратко време во вселената.

Таа во капсулата го покажа списокот со песни кои ќе ги изведе на турнејата Lifetimes. Но, ништо не можеше да се прочита. Многумина ја обвинија и за „патетичен маркетиншки обид“.

„Значи ова беше само маркетиншки трик за доброто на албумот?“, „Какво губење време, енергија и ресурси“, „Она кога кариерата ти е толку мртва што ни нултата гравитација не може да ја подигне“, се дел од коментарите на Х.

Имаше и шеги за тоа дека во неа била само четири минути.
„Ова траеше пократко од паузите на Селена Гомез на социјалните мрежи. Плачев“, „Четири минути. Толку долго беа во вселената“, „Што е поентата на ова?“, „Зошто ја бакна земјата кога се врати кога беше толку кратко таму горе?“, се и некои од реакциите.

Еден корисник на X сподели и клип од цртаниот филм „Сунѓерот Боб квадратни панталони“ со натпис: „Патувањето на Кети Пери во вселената“.

Покрај неа, во вселената беа и американската новинарка Гејл Кинг, поранешната водителка Лорен Санчез, поранешниот ракетен научник на НАСА Аиса Боув, активистката за човекови права Аманда Нгујан и филмската продуцентка Керијан Флин.
Ракетната мисија NS-31 беше предводена од Blue Origin. Ова е прв пат во вселената да оди целосно женска екипа. Патувањето траеше 11 минути. За потсетување, во 1963 година, руската астронаутка Валентина Терешкова полета сама во вселената.