Oграбена продавница за ловна опрема во центарот на Скопје


Непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали лоцирана во Градскиот трговски центар во Скопје.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен вчера во 13:30 часот, а кражбата се случила во периодот од 7 до 9 декември годинава.

Крадецот одзел 19 пиштоли марка „глок“, „берета“, „хеклер и кох“ и девет ловни пушки марка „берета“, „фабарм“ и „моеберг“ и „диана класик“ (воздушна пушка) по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.600.000 денари.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот