Oткажана посетата на Заев, Анѓушев и Николовски на тиквешкиот регион

Скопје – Посетата на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство Љупчо Николовски на тиквешкиот регион е одложена поради тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во која загинаа 13 лица.

Заев, Анѓушев и Николовски утре требаше да присуствуваат на свеченото закројување на лозовите насади на лозјата на винарската визба „Тиквеш“.