Oсомничените кои беа во куќен притвор, синоќа повторно приведени

Кривичниот совет, според неофицијални информации , ги прифатил жалбите на Јавното обвинителство за домашниот притвор на двајца осомничени за  настаните на 27 април во Собранието и тие се приведени.

Одредени медиуми јавуват дека М.П. од Кавадарци, поранешен раководител на одделот за посебни единици во полицијата и Е.Д.Б, секретарката на поранешниот претседател на Собранието вечерва се повторно приведени. За нив Судот најпрво одреди мерка куќен притвор.

Куќен притвор им беше определен на Борис Дамовски, Владо Јовановски и на уште четири други лица – С.М., Г.Ѓ., М.П.  и Е.Д.Б.

Во исто време вечерва уште еден од 36-те осомничени, кој не беше уапсен пред два дена и полицијата тврдеше дека трага по него, вечерва сам се пријавил во Кривичниот суд. Судијата на претходна постапка и за него одреди  мерка 30 дневен притвор.