Новото тајно оружје на жените се вика Кико Милано- нов бренд за шминка на македонскиот пазар


Викторија Лоба знае што е добра шминка

Шминката не прави разлика меѓу славни и анонимни жени, прави разлика меѓу убаво нашминкани и нападно нашминкани жени, која ви ги истакнува убавите црти, а ви ги покрива маните, која ве прави помлада, а не постара од она што се. Шминката е тајното оружје  на секоја жена во младоста, во средното доба и во фазата како добро изгледаш.

KIKO Milano

Во тој дух и под мотото „Животот нека биде во боја“, синоќа, во „Ист гејт мол“, под закрила на модната групација „Фешн груп“, во присуство на познати личности, инфлуенсери и шминкери, беше промовиран новиот бренд за шминка на македонскиот пазар – КIKO Milano .

Без разлика дали сакате да го истражите новиот свет на убавината на KIKO, барате совршен производ за нега на вашата кожа или пак сакате да ја направите најмагичната фотографија за на Инстаграм, талентираните и професионално обучени шминкери ќе ви помогнат да ги откриете најновите трендови и да доживеете незаборавно KIKO Milano искуство.

KIKO Milano

– Драги наши дами, во оваа нова козметичка оаза ќе пронајдете повеќе од 2.000 производи кои чекаат на вас, но и едно сосема поинакво шопинг искуство, сега, потпомогнато од советите на вистинските професионалци. Продавницата е целосно дизајнирана за да одговори на сите ваши потреби и желби од различна возраст, благодарение на неверојатно квалитетните производи кои секогаш порачуваат да бидете она што сакате да бидете. Како компанија, повеќе од драго ни е што добивме навистина позитивен фидбек за новиот член на нашето семејство, а ви ветуваме дека токму тука секоја дама ќе успее да ја комплетира својата визија за вистинската убавина, посочи на отворањето маркетинг-менаџерот на групацијата, Јордан Колевски.

KIKO Milano

Компанијата КIKO Milano е основана во 1997 година во Милано, Италија, од Стефано Перкаси и неговиот татко Антонио Перкаси, и до денес достигнува револуција во козметичкиот свет. KIKO ги идентификува главните трендови за убавина и ги прави достапни за сите. Комбинирајќи го квалитетот и креативноста, вкоренети во нивната италијанска крв, KIKO ги освојува и најпребирливите кога станува збор за убавината, благодарение на бескрајната палета на нијанси, тонови и текстури. Денес, брендот има над 900 продавници и е достапен на повеќе од 30 пазари ширум светот. (Л.С.)