Новоизбраниот градоначалник на Ново Село ја презеде функцијата


Новоизбраниот градоначалник на Ново Село, Никола Андонов денес ја презеде функцијата со примопредавање од досегашниот в.д. градоначалник, Горан Цветков.

На Андонов вчера му беше врачено Уверението за градоначалник откако ДИК го отфрли приговорот на ВМРО ДПМНЕ за едно гласачко место, а потоа и Управниот суд не ја прифати жалбата на оваа партија поднесена по одлуката на ДИК.

Во предвремената трка за испразнетата градоначалничка фотелја на Ново Село се бореа Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков од ВМРО ДПМНЕ. Во вториот изборен круг победи Андонов со 19 гласови повеќе од противкандидатот.

Во оваа општина се одржаа предремени избори за градоначалник поради тоа што поранешниот градоначалник Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.