Ново откритие: Ковид-19 влегува во ќелиите преку повеќе рецептори


 

Кинеските молекуларни биолози дојдоа до откритие дека корона вирусот во човековите ќелии влегува не само преку ензимот 2 рецепторот (ACE2), туку у преку рецепторот SR-B1, кој го препознаваат молекулите на холестеролот.

„Сличноста меѓу Ковид-19 и САРС инфекцијата покажуваат дека антителата и пептидите кои целат на ACE2 може да бидат користени во третман против Ковид-19“, напишаа научниците, а текстот е ојјавен во магазинот Природен метаболизам.

„Со сознанието дека Ковид-19 влегува и преку рецепторот SR-B1, предлагаме дека лековите кои целат на SR-B1 можат да делуваат како антивирални кои ја лимитираат инфекцијата со Ковид-19“, се додава во текстот.

Можноста Ковид-19 да се врзува со различни рецепторит ги натера научниците да истражат за кои уште рецептори може да се врзе, со што може да се одреди текот на лекувањето.