Новитет од „Старбакс“- кафе со маслинов зејтин
Италија- Иако во нивната земја постои извонредна традиција на пиење кафе, Италијанците сега ќе имаат можност да пробаат малку поинакво кафе. Имено, по различните вкусови кои им се нудат на љубителите на кафето, „Старбакс“ претставува пијалок со екстра девствено маслиново масло.
Палетата на пијалоци под името што се поврзува со маслото – Олеато, содржи екстра девствено маслиново масло „Партана“, прво ќе пристигне во Италија во среда, ќе биде достапна во САД напролет, а ќе пристигне во Велика Британија, Јапонија и Блискиот Исток до крајот на годината. Има пет вкусови, вклучително и лате од овесно млеко, за кое Старбакс тврди дека е инспириран од италијанскиот обичај да се консумира една лажица маслиново масло секој ден.
Хауард Шулц, човекот кој го трансформира Старбакс од регионален синџир во меѓународен бизнис и кој ќе се повлече од функцијата привремен извршен директор следниот месец, рече дека идејата за кафе со маслиново масло била поттикната од патувањето на Сицилија минатата година.
„Бев апсолутно изненаден од уникатниот вкус и текстура создадени кога „Партана“ екстра девственото маслиново масло беше додадено во кафето „Старбакс“. И во топлото и во ладното кафе, создаде неочекуван, кадифеен, путерест вкус кој го подобри кафето и убаво се задржува на непцето“, вели Шулц.
„Се разбира, ќе има луѓе кои ќе речат „Маслиново масло во кафе? Но, доказот е во чашата. За повеќе од 40 години, не можам да се сетам на момент кога сум бил повозбуден, повоодушевен“, вели Шулц.