Новите технологии во модниот дизајн: Моден форум во „Холидеј ин“


„Холидеј ин“ ќе биде домаќин на Модниот Форум, кој ќе се одржи денес во 09:30 часот.
Форумот ќе ги обедини претставниците од модната индустрија, образованието и технолошкиот сектор со цел да се отвори дискусија за иднината на модата, образованието и новите технологии во модниот дизајн.

Настанот ќе биде свечено отворен од:

– Емилија Миладинова Аврамчева, претседателка на здружение „Добредојде“ Македонија Велкам Центар
– Н.Е. г-дин Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија

Во рамки на форумот ќе се одржат два панелa:

Панел 1:
„Модното образование и индустријата: каде сме и што понатаму“

Панел 2:
„Од скица до алгоритам: технологија и ВИ во модата“

По завршување на панел дискусиите ќе следува коктел и можност за изјави и интервјуа со учесниците.