Новинарот Срѓан Шкоро најави кандидатура за претседател на Србија
Новинарот Срѓан Шкоро најави дека ќе се кандидира за претседател на Србија на претстојните избори 2022 година.
Како што пренесуваат медиумите, тој ја повика опозицијата да го поддржи во намерата.
„Мислам дека можам тоа да го добијам, дека таа трка можам да ја истрчам“, рече Шкоро за Н1 и ги повика „пријателите од Перламентот на Србија и соборците од опозицијата“ да го поддржат.
Тој рече дека ќе го кандира група граѓани која ќе ја формира.
Наведува и дека постојат истражувања кои покажуваат дека може да биде добар кандидат, но не кажа кои истражувања.